Експедицијата од Куманово имаше само пофални зборови за мечот, гостопримството и атмосферата во спортската арена „Билјанини Извори“. Куманово беше блиску до победа, но на крајот мораа да заминат со наведнати глави од Охрид.
– Победи екипата која повеќе ги посакуваше бодовите од овој натпревар. Ние сме самите виновни за поразот бидејќи испуштивме предност од три голови на десет минути од крајот на мечот. Морам и треба да ги пофалам охридските навивачи за атмосферата во салата и за притисокот кој го прават врз гостинските ракометари. Охрид треба да биде пример за сите и се надевам дека во иднина каде и да одиме на гостувања вака да не пречекуваат пред полни трибини и пеколна атмосфера- рече претседателот на Куманово, Тоде Димковски.
По пет одиграни натпревари екипата на Куманово останува без бодови на последната позиција на табелата во Супер лигата.
Мх.П.
Фото : Емилио