Со победнички шпалир приреден од РК Тиквеш и со аплауз од генерацијата битолски ракометари кои пред 18 години беа македонски шампиони, вечерва во Битола беше прославена победата и првото место на РК Еурофарм Пелистер во годинешното ракометно првенство.

Во натпревар, во кој резултатот беше во втор план, домашниот тим славеше 35:26. Славјето во Битола почна со последниот свиреж на судиите Божиновски и Начевски.

Титулата ракометарите на Еурифарм Пелистер ја прославија на плоштадот „Магнолија“ заедно со навивачите. Пелистер во следната сезона треба да ја претставува Македонија во лигата на европските ракометни шампиони.

OhridNews
Фото: РК Е. Пелистер