На њујоршката премиера на филмот „Gone Girl“ со Бен Афлек и Росамунд Пике во главните улоги, убавата Риз Витерспун засенила многу од присутните, привлекувајќи ги љубопитните погледи на црвениот тепих.

Младоликата актерка со неодолива насмевка ги воодушевила сите со својата грациозна појава, докажувајќи дека по прашањето на стилот нема што да и се приговори. Беспрекорна фризура, прекрасна шминка и интересните златни чевли само ја зачиниле оваа успешна модна комбинација во која се појавила.