Актерката Риз Витерспун која се омажила за Џим Тот во март минатата година, изјавила дека сака бебе со Тот, и да го прошири семејството, кое го сочинуваат уште и Ава и Дејкон, децата кои Риз ги добила со поранешниот сопруг Рајан Фелипе. Во интервју за списанието „Лук“ таа рекла дека сака да добие бебе и дека се чувствувала сјајно и се и одело како што треба.
Во една сцена од филмот “This Means War”, Риз пее и танцува, а признала дека тоа обично го прави и дома. Кога пеела нејзините деца ги затворале ушите и едвај чекале песната да заврши. Пред неколку дена ја затекнале како танцува и и рекле дека треба да се срами, меѓутоа таа не престанала. На крајот рекла дека едноставно не може да престане да игра и да пее.