Холивудската актерка Риз Витерспун го родила своето трето дете, Тенеси Џејмс, пренеле американските медиуми. Претставничката за медиумите на актерката соопштила дека Риз Витерспун и сопругот Џим биле пресреќни и дека мајката и детето биле здрави.

Актерката кога била млада живеела во Тенеси. Таа ги има уште и ќерката Ава и синот Дикон од бракот со актерот Рајан Филип. Џим Тут инаку е агент во агенцијата за креативни уметници.