Оскаровката Риз Витерспун не се изјаснувала по повод обвинението за непристојно однесување и платила казна од 100 долари откако со сопругот била уапсена во Атланта минатиот месец. Претставникот на окружниот суд во Атланта во соопштението навел дека случајот со тоа бил затворен. Сопругот на актерката, Џим Тот, ја признал вината за возење во пијана состојба и платил 600 долари казна, а ќе мора и да отслужи 40 часа општокорисна работа.
На видео снимка која била емитувана на трачерскиот сајт “TMZ” се гледа актерката како вика на полицаецот кој ја уапсил. Таа го прашувала дали знае која е таа и му се заканувала дека наскоро ќе дознае. Видеото имало повеќе од 120 илјади прегледи ја Јутјуб и го презеле бројни тв станици. Риз се извинила за своето однесување и објаснила дека после неколку чаши вино се испаничила поради тоа што и го апселе сопругот.