Освојувачот на титулата во Копа Либертадорес, Ривер Плата потфрли на Светското клупско првенство завршувајќи ги настапите во 1/2 финалето. Ривер Плата пораз и елиминација претрпе од Ал Аин после изведувањето на пеналите (5-4), откако регуларниот дел и дополнителните 30 минути завршија без победник 2-2.

Тимот на Ал Аин кој е првак во азиската Лига на Шампиони позитивни вести најави уште во 3-та минута кога поведе со 1-0. Аргентинците успеаја да се консолидираат. Прво изедначија, а потоа и го презедоа водството до крајот на првиот дел. Конечниот резултат Ал Аин кој е домаќин на најдобрите клубови во светот го постави на стартот од второ полувреме. Во пенал серијата Ривер Плата промаши еден, а азицијците ги реализираа сите пет за пласман во финалето.

Вториот патник во финалето ќе се дознае после мечот помеѓу Реал Мадрид – Кашима кој е закажан за денеска со почеток во 17 часот и 30 минути.

OhridNews