Верувам дека Меси ќе остане Барселона, затоа што атмосферата во клубот многу се подобри, а екипата последниве месеци бележи позитивни резултати, – рече Ривалдо, кој ужива статус легенда на „Ноу Камп“.
Како што се доближува летниот преоден рок кога Меси ќе биде слободен агент и ќе може да замине каде што сака, така се зголемуваат шпекулациите за неговата иднина. Сепак, Ривалдо, смета дека, новите промени во клубот ќе донесат позитивна разрешница во случајот „Меси и Барселона“.
Доаѓањето на Лапорта на претседателската функција донесе нови ветришта, кои веднаш се осетија на теренот и кај Меси посебно. Клубот е на добар пат, иако, резултатски сезонава е далеку од успешна. – додаде Ривалдо.
Ривалдо за Барселона настапуваше од 1997 до 2002 година. За пет години Бразилецот со своите игри и спектакуларни голови ги освои симпатиите на навивачите од Барселона.
OhridNews