Селекцијата на Бразил во 2002 година на Мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја ја освои петтата титула од светските првенства. Еден од најзаслужните за големиот успех на „кариоките“ беше Роналдињо кој во 1/4 финалето против Англија постигна гол од слободен удар за конечна победа од 2-1.

Полемики околу погодокот на Роналдињо имаше многу. Дали Бразилецот имал намера да го погоди далечниот агол на голманот Дејвид Симан или случајно ја погоди мрежата на Англичаните. После 18 години мистеријата ја разреши Ривалдо, кој го постигна изедначувачкиот погодок и ја анулираше предноста на „гордиот албион“.

Погодокот на Роналдињо ги изненади Симан, мене и целата јавност. После натпреварот, Роналдињо ми откри дека го анализирал Симан кој имал навика да излегува неколку чекор напред при изведувањето на слободни удари од страна. Значи дека Роналдињо шутираше и успеа да го матира легендарниот голман на Англија. – изјави Ривалдо.

Бразилците во полуфиналето ја совладаа Турција, а во големото финале на стадионот во Јокохама славеа против Германија со 2-0.

OhridNews