Пејачката Рита Ора позирала за насловната страна на британското издание за списанието Гламур, а нејзините секси фотографии ретко кого ќе го остават рамнодушен. Пејачката Рита Ора е позната по тоа што ги поместува границите како во музиката така и во модата, а последниот креативен „испад“ го забележа на снимањето за насловната страница на списанието Гламур.

 

Рита позирала во долга црна сукња и кошула, која од некога причина не стигна да ја облече до крај, па половина од градниот кош и остана откриен. Меѓутоа, снаодливата пејачка се извлече и од оваа ситуација, па како што може да се види, проблематичното подрачје го покри со својата долга коса.