Доколку може да се суди според фотографиите кои констатно ги постира на својот Инстаграм профил, но и со изборот на фустани за црвениот тепих, како и гласините кои кружат, младата пејачка е идното лице на италијанскиот бренд Роберто Кавали. Како што пренесуваат медиумите, пејачката Рита Ора која неодамна го лансирала својот најнов сингл „I will never let you down”, ќе се појави во најновата кампања на брендот.

Додека чекаме официјална потврда, Рита не почестила со фотографии на кои е со Ева Кавали, сопругата на Роберто Кавали. Покрај фотографијата напишала „Спремете се, ви се смешка уште едно изненадување“, со што ги подгреала гласините за соработката. Рита во последниве година дена е прилично активна во светот на модата со оглед на тоа што снимла кампањи за DKNY, Rimel London и линијата на Мадона Material Girl.