Рита Ора поднесе тужба против сопствената издавачка куќа поради несогласувањата со Џеј Зи. Имено, пејачката на 18 години потпиша договор со оваа издавачка куќа. Сега сака да го раскине договорот, бидејќи тврди дека не ги испочитувале правилата на која се обврзале во наредните седум години.
Во тужбата која ја поднесе во високиот суд во Лос Анџелес, пејачката тврди дека била запоставена од страна на компанијата кога менаџментот на раперот се повлекол и работите ги превзел Тајлад, оставајќи ја со помалку средства. Кога Рита потпишала, „Roc Nation“ и нејзините извршни директори биле многу ангажирани околу неа како изведувач. На крајот Рита остана сама, без посебен контакт со било кое лице во компанијата. Нема објавено албум од дебито во 2012 година и е нестрплива да ги објави своите снимени песни и конечно да ги усреќи обожавателите.