Чуварот на мрежата на македонската ракометна репрезентација Борко Ристовски ќе биде советник за спорт во тимот на Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ. Ристовски, довербата од Мицкоски ја добил поради успесите кои ракометарот ги имал на репрезентативно и клупско ниво.

  • Соработник во спортот ќе ми биде Борко Ристовски, долгогодишен репрезентативец во ракомет, и мислам дека јавноста доволно добро го знае и неговите успеси и на клупски и на репрезентативен план. – изјави Мицкоски.

Час подоцна Ристовски ја потврди инфомацијата обратувајќи се на социјални мрежи.

  • Чест и задоволство но и огромна обврска е да се биде дел од стратешкиот тим на Претседателот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Од моја страна, можам единствено да ветам максимална ангажираност и посветеност во креирање на политики за афирмација на македонскиот спорт. Во периодот што следи ќе понудиме низа проекти и програми за подобрување на условите за работа на спортските федерации, клубовите, спортските работници и се разбира спортистите, пренесени од позитивните пракси од европските земји. Нека спортот биде еден од главните столбови на кој ке го градиме нашето општество и да пробаме да ја направиме Македонија поубаво место за живеење. Да живее Република Македонија! – напиша ракометарот на социјалните мрежи.

OhridNews