Балканијадата ќе ја пропуштат само интернационалците Наумче Мојсоски од шпанскиот прволигаш Логроњес и Владимир Темелков од германскиот второлигаш Вилштат поради обврски кон своите клубови претстојниов викенд.
Македонија на Балканското првенство ќе стартува утревечер против Турција од 17,45 ч. во СРЦ „Кале“. В петок во истиот термин во Велес избраниците на селекторот Илиja Темелковски ќе ги одмерат силите со Србија, а в сабота во Скопје последен противник ќе им биде Босна и Херцеговина.
По пауза од 11 години репрезентативен ракомет ќе е игра и во Велес. Велес последен пат ја нагости македонската репрезентација против Словачка во 1997 година, но поради тоа што велешани тогаш ја исвиркаа химната 11 години во градот не гостуваше ниту една селекција на официјален натпревар.