Македонската ракометна репрезентација со победа над Израел 39-37 ги започна подготвителни натпревари во пресрет на Мундијалот во Катар.
– Не одигравме на некое завидно ниво, но ова е само контролен натпревар и резултатот секогаш е втор план. Напорните подготовки си го направија своето и вакви мечеви секогаш се добредојдени за нас. Ќе треба да се подготвиме физички и тактички и да одговориме на сите предизвици кои не очекуваат на Светското првенство – рече чуварот на мрежата, Борко Ристовски за „Екипа.мк“.
Македонија ќе одигра уште еден натпревар против Израел, но овој пат зад затворени врати.
Мх.П.