Викендов  традиционалнта италијанска трка помеѓу Капри и Наполи ,36 км долгиот маратон, ќе биде третата станица во натпреварите од Светската серија.

Според официјалната веб страна на ФИНА пријавени се 21 пливач од 11 земји (15 во машка и 6 во женска конкуренција ).Своето учество го најавил водечкиот во генералниот пласман Дамјан Блаум од Аргентина, додека 3 пласираниот во генералниот пласман ( 13 бода ) стружанецот Михајло Ристовски,  иако е пријавен, поради повреда на рамото нема да патува за Италија. Ристовски за медиумите изјави дека ке ги пропушти маратоните кои следат за да можеда ја санира својата повреда пред оддржувањето на  Охридскиот маратон.


не плива во Италија за да се подготви за Охрид-Михајло Ристовски

Учествотото на  маратонот во Италија  го откаажал и вториот во генерален пласман бугаринот Петар Стојчев. По маратонот во Италија, за една недела следува маратон во Шабац, а  Охридскиот пливачки Маратон ќе се одржи на 21 јули.

М. Постоловски