Пласманот на Европското првенство во Полска на македонската ракометна репрезентација зависи од исходот од двата престојни натпревари со Швајцарија и Чешка.


Со швајцарците репрезентативците ќе се сретнат во гости додека квалификациите ги завршуваат против чесите „Борис Трајковски“.

– Не очекуваат два пеколно тешки натпревари, затоа што гледам дека расположението кај јавноста е дека со Швајцарија ќе биде премногу лесно, бидејќи одлучувачки ни е натпреварот со Чешка, но јас лично не мислам така. Мора да бидеме мирни, да мислиме чекор по чекор, ова е најтешкиот дел од квалификациите, крај е на сезоната, но пред да мислиме на одмор, мора да се сконцентрираме и да го дадеме најдоброто од нас и да се задржи континуитетот на големите натпреварувања. – рече чуварот на мрежата Борко Ристовски.

Пред мечевите најголем проблем за селекторот Ивица Обрван е отсуството на Ренато Вугринец и Наумче Мојсовски и повредата на Кирил Лазаров, која ја доби во финалето од Лигата на Шампиони.

– Знаеме сите што значи отсуството на капитенот Лазаров, сигурноста која тој на дава на теренот и надвор од него. Искрено не знам што е проблемот со Вугринец, а за Мојсовски јасно ми е со оглед на тоа дека ги познавам приликите кај Катарците и дефинитивно нивното отсуство е наш минус. Недостаток на играчи, повредени играчи…ќе мора ние кои сме тука и ќе играме во двата дуели да дадеме и многу повеќе од нашите можности за да не се почувствува нивното отсуство, колку што е тоа можно во овој момент. – додаде Ристовски.

Ohridnews