– Не сум изненаден од одлуката на селекторот да ме изостави од списокот за дуелот со Светскиот првак. Од моето доаѓање во селекцијата нашата комуникација не беше на високот ниво. Не сакам да правам притисок и кревам тензија бидејќи тоа лошо ќе се одрази врз селекцијата – рече Ристовски за “Екипа.мк“.
Ракометната репрезентација беше незамислива без “министерот за обрана“ на голот, но прв потег на Обвран по поразот од Шпанија беше изоставувањето на Ристовски.
– Ќе треба селекторот добро да се преиспита за оваа одлука и да размисли што прави. Времето ќе покаже кој бил во право, а најмногу губат нацијата и селекцијата – заврши Ристовски.