Голманот на ракометната репрезентација, Борко Ристовски е најзаслужен што Македонија обезбеди пласман во јунскиот бараж за пласман на Светското првенство што ќе се игра во Хрватска догодина. Тој одбрани пенал на неколку секунди пред крајот на реванш натпреварот од предквалификациите што се играше во Гимараеш и ја зави Португалија во црно.
Португалија славеше пирова победа над Македонија со 31:26, и благодарение на нашата победа во Скопје од 38:32 ние се пласиравме во баражот.
Натпреварот започна одлично за нашиот национален тим кој до 25 минута имаше 3 гола предност. Во финишот на првиот дел по серија грешки Португалија стигна до минимална предност од 16:15. Домаќините во вториот дел тргнаа фуриозно, Македонија играше конфузно и во нападот и во одбраната, што на Португалија и овозможи да ја достигне предноста што нашиот тим ја оствари во првиот натпревар. Откако го промашивме последниот напад ( имавме пробивање) потугалците имаа 36 секунди да постигнат гол кој ги водеше во баражот, но во тоа ги спречи извонредниот Ристовски кој на истекот од натпреварот одбрани пенал.
Г. Момироски