Селекторот Илија Темелковски го објави поширокиот список за Балканијадата што кон крајот на месецов ќе се одржи во Македонија. Повратници во списокот на Темелковски кој брои 21 ракометар се левиот бек Радослав Стојановиќ и голманот Петре Ангелов.Покрај нив на листата се уште седуммина интернационалци: Темелков, Митков, Лазаров, Мојсовски  и Ангеловски.

На списокот се Ристовски, Ангелов, Даскаловски – голмани; Темелков, З.Мојсовски, Јовиќ – десни крила; Митков и К. Лазаров – десни бекови; Мојсовски, Ангеловски – средни бекови; Стојановиќ, Ф. Лазаров, Миркуловски и Караиванов – леви бекови; Алушовски, Недановски и Макалоски – десни крила; Димовски, Ѓоргоновски и Наумовски – пивотмени.

Крилото Стефче Алушовски ќе се прости од репрезентацијата во јуни, и тоа „активно“ како играч што ќе го заврши целиот циклус . Тој играше во квалификациите, а по разговорот со селекторот, играчот на Вардар про се согласил да биде на располагање до крајот на јуни и за бараж-мечот со Исланд. Алушовски е единствениот играч од првата репрезентација на Македонија што дебитираше во 1993 на „Трофејот Карпати“, по осамостојувањето на државата.

Распоред на натпреварите на македонската селекција:

20.03.2008 год. – СРЦ Кале:  МАКЕДОНИЈА – Турција со почеток во 17.45 час.

21.03.2008 год. – Велес:  МАКЕДОНИЈА – Србија (17.45 час).

22.03.2008 год. – СРЦ Кале:  МАКЕДОНИЈА – Босна и Херцеговина (17.45 час).