Прекинување на договорот со досегашниот економски изведувач на работите на затворениот базен во Охрид, ревија на целокупниот проект и избор на нов економски оператор, најави при денешната посета министерот за спорт Борко Ристовски.
Ќе го прекинеме договорот со економскиот изведувач кој требаше да го гради затворениот базен во Охрид Веќе е се ова договорено. Мора да направиме и нов проект, затоа што знаете дека договоорт за изградба е направен пред 7-8 години и ситуациите кои беа тогаш и денес не се исти и затоа мора да се направи нов проект, да се направи нова процена на тоа колку ќе чини завршувањето на базеност во Охрид. Она што јас може да го кажам е дека министерството и јас лично ќе се залагаме за што побрзо да почне со довршување на базенот, затоа што Охрид заслужува базен, заслужува да не се оставаат спортските објекти на пола повеќе од 4/5 години ништо да не се прави. Затоа во најбрз можен рок ќе направиме нова процена нов проект и верувам дека кон крајот на летото ќе избереме нов економски опеаратор кој ќе ја продолжи изградбата на базенот, истакна Ристовски.
Посочи дека во најбрз можен рок ќе се започне со ревизија на целокупниот проект, а доколку се утврдат нелегални активности ќе се бара и кривична одговорност.
Ќе почнеме во најбрз можен рок ревизија, парцијална само за базенот за да не ја закочиме целата процедура за побрзо отпочнување на градбата. Така што ревизијата ќе ни покаже дали има можност за кривична пријава. Доколку ревизијата утврди има можност за кривична пријава бидете сигури дека ќе има, додава Ристовски.
Истакна дека со изборот на новиот економски оператор при изведување на работите ќе имаат строга контрола дали истите се одвиваат според договорот и нема да се дозволи како сега 4-5 години да не се работи ништо.
Ќе вршиме постојан мониторинг врз тоа дали и како напредуваат работите. Најважно од се е да се почне со работа, додаде Ристовски.
Инаку, затворениот пливачки базен во Охрид официјално започна да се гради во 2015 година.
Н.С.Ј.