Православните христијани денес го слават раѓањето на Господ Исус Христос – БОЖИК. Од сите големи христијански празници Божик се прославува најсвечено. Овој голем ден го симболизира не само раѓањето на Спасителот туку и божјото во човека. Изреката „кај и да си, пред Божик зад Божик, дома да си“ е во духот на зацврстување семејните вредности. На Божик се оди в црква и се врши причесна (кој што постел). Според православниот календар се прославува три дена.

Редакцијата на www.ohridnews.com  на сите  православни христијани им го честита големиот празник и им пожелува радост и среќа.

Фотографииве се од црквата Св. Ѓорѓија каде илјадници граѓани со почит и достоинство чекаа (ред имаше до надворешната порта) , за да влезат в црква и да се помолат.

Никола Главинчески
Спаско Костоски
Горан Момироски