На лична покана македонскиот поет Ристо Лазаров учествува на меѓународниот поетски фестивал што до денеска се одржува во романскиот град Крајова, во чест на романскиот поетски великан од 19-от век Михаел Еминеску.


На фотографијата: Сретен Перовиќ, Ристо Василевски, Хорхе Хусто Падрон и Ристо Лазаров  

На фестивалот учествуваат познати поети од триесетина земји од целиот свет и покрај бројните поетски настапи, програмата предвидува и разговори на тема “Војната и поезијата”. Секоја година фестивалот објавува антологија од творештвото на неговите учесници. Меѓу годинешниве фестивалски лауреати е и поетот Ристо Василевски од Смедерево, надворешен член на МАНУ.