Во 15 коло од Првата лига, најкорисен играч е кошаркарот на Овче Поле, Небојша Ристиќ. Ристиќ одигра извонредно во победата на Овче Поле над Вардар (79-54) и има индекс на корисност 28. Тој оствари учинок од 26 поени (6-7 за два поена), девет скока и четири асистенции.

Второто место му припаѓа на членот на Торус, Јован Марковски, кој има индекс на корисност 27. Марковски во победата над Карпош Соколи учествуваше со 23 поени, шест скока, пет асистенции и две освоени топки.

Третопласиран на МВП ранкингот е Американецот Талик Браун во дресот на актуелниот првак Фени индустри, кој во триумфот на својот тим над Амак СП оствари ефект од 24 поени, пет скока и четири асистенции со индекс на корисност од 25.

Најдобар стрелец во ова коло е членот на Торус, Владимир Брчков (27 поени), а зад него следат Небојша Ристиќ (Овче Поле) и Бојан Апостолов (Карпош Соколи) со по 26 коша.

Прв скокач е Александар Штерјов од Торус со 10 успешни скока. Најдобар разигрувач е Ангел Тасевски (Торус) со десет асистенции.

ohridnews