Дефанзивецот во редовите на албанскиот Билиш и македонската репрезентација под 21 година, Кире Ристевски е оптимист во пресрет на квалификацискиот меч проти С.Ирска, в четврток во Куманово.
– Очекувам победа против Ирска. Доста долго играме заедно во ова генерација е вложен доста труд и мислам дека со постигнатите резултати го потрдуваме тоа. Посакувам со триумф да го продолжиме патот кон врвот во нашата група – вели Ристевски.
Ристевски е под договор со албанскиот Билиш, се надева дека со добрите игра во клубот и репрезентацијата ќе успеа да обезбеди трансфер во поатрактивна лига од албанската.
Македонската У21 репрезентација по трите одиграни меча има две ремија и една победа.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com