Охридскиот боксер Бојан Ристевски по завршување на турнирот во Тузла отпатува за Бања Лука (БиХ) на вториот турнир (9 – 12 октомври), кој е во  програмата на Боксерската федерација на Македонија како тест натпревар пред ЕП во Англија, во Ливерпул, следниот месец.

Покрај Ристевски селекторот Петар Чурлинов одлучи за Бања Лука да патува и стружанецот Фатмун Жута.

Бојан Ристевски од БК “Охрид”, ќе настапи во категоријата 69 кг, а Фатмун Жута од БК “Синди” од Струга ќе настапи во категоријата до(75 кг).

М.П.