Езерско дерби утре во рамки на 16 коло од Супер лигата. Eкипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Струга во салата „Билјанини извори“.

Со нетрпение се чека Езерското дерби и мечот од последното коло за оваа полусеозна кое го играме на домашен терен. Од мојот тим очекувам само борбеност и жeлба за победa. Со помош на навивачите кои се надевам дека ќе бидат во голем број, одиме по нови два бода и успешно да го завршиме првиот дел, вели голманотна ГРК Охрид, Бобан Ристевски.

Натпреварот е со почеток во 17:30 часот.

 

OhridNews