Охридскиот боксер Бојан Ристевски претрпе пораз од италијанскиот Ди Русо Алфонсо 2-1 на поени во 1/4 финалето на Медитерантските игри во Мерсин, Турција.

Третиот македонски преставникот Фатлум Жута победи на поени 2-1 против Салум Најид од Лебанон и ќе се бори за пласман во финалето.

Противник на Хута во полуфиналето ќе биде Хосам Абдин од Египет, кој во 1/4 финалето го совлада Бадр-едине Хадиуи.

Мх.П.