ГРК Охрид продолжува со градење на екипата за следната натпреварувачка сезона во која клубот ќе настапи во европските купови.
Охрид го продолжи договорот со голманот Бобан Ристевски за следната сезона, со можност истиот да биде дополнително продолжен.
Воедно клубот ја информира јавноста дека од редовите на ГРК Охрид заминува голманот Берин Бркиќ.
Му се заблагодаруваме на досегашната соработка и му посакуваме успех во натамошната кариера, соопшти ГРК Охрид.
ГРК Охрид изминатиот период беше исклучително активен. Голем дел од играчите кои се носители на играта ги продолжија договорите, а клубот обезбеди и повеќе квалитетни засилувања со што Охрид ќе биде уште поконкурентен во првенството во следната сезона.
Г.М.