Бојан Ристевски и Илче Јоноски се единствените охридски боксери кои ќе учествуваат на 38- от Златен гонг кој викендов ќе се одржи во Скопје во Срц Кале.

Ристевски (19 г) е дебитант на овај турнир, додека Јоноски има настапувано повеќе пати. Ристевски ќе боксува во категоријата до 69 кг,а Јоноски пак во категоријата до 81 кг.

–    Добро сум подготвен и очекувам да се прикажам во добро светло во мојот деби настап на “гонгот“ – вели за ohridnews Ристевски.

Полуфиналните борби ќе се одржат утре, а финалето е в недела во 12 часот.На турнирот ќе  настапат 36 боксери од десет земји.

Боите на македонското знаме ќе ги бранат : Мумин , Сулејмани (51кг), Ристевски , Скендер (69), Жута (75), Јоновски , Арсов (81), Наси (91) и Димовски (+91).

М.П.