Иднината на ракометот во Охрид е светла, вели стратегот на кадетскиот погон на ГРК Охрид Сашо Ристески во емисијата Спорт+ на OhridNews во очи фајнал фор турнирот за титула во кадетска конкуренција што се игра недела во Охрид.

Oвој успех не е случаен и е плод на повеќегодишна системска работа во клубот од чиј младински погон излегуваат квалитетни играчи за кои пошироката јавност допрва ќе чуе. Дел од нив се исклучително талентирани и имаат голем потенцијал. – истакна Ристески.

Сашо Ристески

Во емисијата своите очекувања ги изнесуваат и младите ракометари Владимир Наумоски и Славчо Шулески.

На завршниот турнир што ќе се игра во салата „Билјанини извори“, покрај кадетите на Охрид, ќе играат уште и Бутел, Пролет ’62 и Алкалоид.

Кадетите на ГРК Охрид во полуфиналето ќе вкрстат со врсниците од РК Бутел. Мечот почнува во 10:30 часот. Во второто полуфинале се среќаваат Пролет’62 и Алкалоид. Мечот за 3 место се игра во 17:30 часот, а финалето во 20 часот.

OhridNews