ГРК Охрид во рамки на деветтото коло од Супер лигата утре гостува кај екипата МРК Куманово. Гладијаторите со оптимизам за нови бодови.
Куманово е добра екипа која сака да се докажува. Нема да ја потцениме, ќе влеземе максимално во натпреварот и со добра игра да стигнеме до нови бодови, вели ракометарот на ГРК Охрид, Никола Ристески.
Натпреварот се игра утре, 30 октомври, со почеток во 18 часот во салата „Перо Наков“ во Куманово.
OhridNews