Охридските ракометари се закитија со сребрениот медал на завршниот турнир во Младинска конкуренција кој викендов се одржа во СРЦ „Билјанини Извори“. Подобри од „гладијаторите“ беа ракометарите на Металург кој славеа со 31-30. Охрид имаше напад за егал, но не го реализираше и остана дефицит за еден погодок.
- Пораз претрпевме на најлош можен начин. Одбиената топка после одбраната на Брауновиќ се одби кај ракометар од Металург кој речиси на празен гол реализираше. Незнаете колку ми е тешко поради децата кои не покажаа само квалитет, туку срце и карактер, бидејќи турнирот го одиграа во еден здив. Поразот не смее да не обесхрабри, туку ни покажа дека сме направиот пат и правилно работиме. Со сениорите не очекуваат мечеви од плејаутот, а младинците покажаа дека може и треба да се рачуна на нив. – изјави Саше Ристески.
OhridNews