Финалниот дуел во категоријата до 69 кг помеѓу охриѓанецот Бојан Ристески  и србинот Зоран Митровиќ е прогласен за најборбен меч на 47. традиционалната боксерска ревија „Белградски победник“.

Бојан загуби со 22-8,  но воопшто не раочара. Претходно во полуфиналето во Ваљево, Ристески со прекин во 2. рунда го совлада домашниот боксер Ковачевиќ.

Трофејот му припадна на домашниот боксер Бранимир Станковиќ, кој го победи Бугаринот Љубен Тодоров со 16-5, додека најдобар странец е Бошко Драшковиќ од Црна Гора.

ohridnews