Охридските боксери Бојан Ристевски и Сашо Лескароски ги одбранија титулите на државното првенство во Штип.

Ристески до титулата стигна со нокаут во првата рунда победувајќи го Димитар Апостоловски од „Аперкат – Скопје“. Лескароски немаше предизвикувач и автоматски стана нов државен првак. Најмладиот боксер во охридскиот состав Димитар Јованоски не се натпреваруваше поради настинка.

По освојувањето на титулите државни правци Ристески и Лескароски погледите ги вртат кон Медитерантските игри во Мерсин, Турција.

Мх.П.