Составот на Струга Трим Лум ги засука ракавите и максимално се активираше на трансфер пазарот во летниот преоден рок. После официјализирањето на договоро со Јасмин Мециновиќ и Бесир Рамадани, стружани се пофалија со дефанзивецот Александар Ристески и голманот Раиф Мирселоски.
Ристески редовите на Струга Трим Лум ќе ги засили од албанскиот клуб Влазнија каде играше минатата сезона, додека Мирселоски ќе се пресели од Охрид.
Струга ТЛ во најскоро време треба да го презентира Марјан Алтипармаковски, а сигурно ќе доведе уште некој фудбалер кој ќе ја зголеми конкуренцијата.
Екипата под водство на Срѓан Захариевски ги започна подготовките и тие ќе се одвиваат на релација Охрид – Струга каде ќе се играат тест средби.
OhridNews