Ристе Ристески, харизматичното момче кое ја освои јавноста со својот моќен вокал во најгледаното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ и формално стана дел од големото семејство на „Гранд“ продукција чиј основачи се Саша Поповиќ, Лепа Брена и Боба Живојиновиќ.

Имено, харизматичното момче кое со своите моќни изведби на големи регионални хитови успеа да го привлече вниманието на Балканската публика, потпиша ексклузивен договор на 9 години со српската „Гранд“ продукција. Во наредните 9 години продукцијата „Гранд“ во целост ќе се грижи за музичката кариера на Ристе, а младиот пејач за сите свои следни активности ќе мора да бара писмена дозвола од менаџментот на продукцијата.

Ристе Ристески е единствениот Македонец кој успеа да ги помине сите пречки во новата сезона и силно да зачекори кон спектакуларното финале на „Ѕвездите на Гранд“ кое се најавува за почетокот на месец јули. Победникот на шоуто и оваа година ќе добие луксузен стан во Белград, комплетен музички албум, голем број на видеозаписи и привилегирана можност да ги користи сите ресурси од големата Гранд групација.

Анета Молика, Ален Хасановиќ, Филип Божиновски и уште неколку македонски имиња се веќе дел од продукцијата  „Гранд“, а нивната кариера вртоглаво расте од ден во ден.

OhridNews