Охриѓанецот Ристе Маркоски одлучи кариерата да ја продолжи во тимот на Врапчиште, кој е дел од второлигашкото друштво.
Фудбалерот за врска ја прифати понудата на второлигашот иако за неговите услуги заинтересирани беа екипи од Првата лига.
Тимот на Врапчиште, кој го предводи охридскиот стратег Драган Бочески се фузираше со кичевскиот третолигаш Влазрими и домашните натпревари ги игра во Кичево.
По првата полусезона во Втората лига екипата на Врапчиште се наоѓа на втората позиција со 22 бодови и претендира за влез во елитата.
Мх.П.