Европската фудбалска унија (УЕФА), го објави форматот на квалификации за Европското првенство во 2016 година, кое ќе се одржи во Франција.
На Еуро 2016 година, за првпат ќе се натпреваруваат 24 репрезентации, а во квалификациите ќе стартуваат 54 национални тимови. Покрај домаќинот Франција, пласман на првенството, ќе изборат победниците и второпласираните репрезентации во деветте квалификацски групи, најкдобрата третопласирана селекција, додека останатите осум третопласирани репрезентации ќе играат бараж, по кој ќе бидат познати последните четири учесници на Еуро 2016.
Кога станува збор за одигрувањето на натпреварите во квалификациите, тука УЕФА ќе направи најголеми промени, односно ќе направи недела на фудбалот, во која единствен ’нефудбалски ден’ ќе биде среда.
Ова значи дека квалификациски натпревари ќе се играат во понеделник, вторник, четврток, петок, сабота и недела.
Првото квалификациско коло ќе биде одиграно во недела на 7, понеделник на 8 и вторник на 9. септември 2014 година, а последното коло ќе планирано за 11, 12, 13. октомври 2015 година.
„Макфакс“