Фудбалската репрезентација на Македонија се наоѓа на 46-то место на листата на најдобри европски селекции. На ранг листата која ја објави Европската фудбалска унија (УЕФА) има 54 национални тимови.


Зад македонската фудбалска репрезентација се наоѓаат националните тимови на Лихтенштајн, Луксембург, Казахстан, Фарските острови, Малта, Сан Марионо, Андора и Гибралтар.

Од селекциите со кои Македонија игра во Групата Ц за пласман на ЕУРО 2016 полош рејтинг има само Луксембург (48), додека Шпанија е на второто место, Словачка единаесетта, Украина петнаесетта, а Белорусија која пред една недела победи во Скопје се наоѓа на 40-та позиција.

Меѓу најдобрите десет на УЕФА листата се: Германија, Шпанија, Англија, Холандија, Белгија, Франција, Португалија, Италија, Хрватска и Чешка.

„Макфакс“