Оскаровката Рис Витерспун е најдобро облечена славна личност за 2015 година споре списанието Пипл. Витерспун е често на листите најдобро облечени, а иронично, беше една од славните личности кои запчнаа со кампањата „#AskHerMore“ на доделувањето на Оскарите оваа година, кога бараа од новинарите да ги прашуваат актерките за нивните улоги, а не за фустаните кои ги носат.

 

На листата најдобро облечени се најдоа уште и актерките Џулијан Мур, Кејт Хадсон и 15-годишната Кирнан Шипка од серијата „Луѓето од Менхетн“. Списанието Пипл избра и најдобро облечени парови, актерката Габриел Јунион и кошаркарот Двејн Вејд, пејачот Џон Леџенд и манекенката Криси Тиген, како и актерите Чејнин Татум и Џена Џуан Татум.