Врв на годинешниов спектакл ќе бидат богатите паради на разните самба школи кои почнаа во неделата, а ќе траат два дена. Силното обезбедување е видливо на улиците од градот бидејќи последниве месеци Рио беше заплиснат од бран насилства за кои градските власти велат дека се дело на улични банди.
Дводневно „лудило“. Карневал во Рио.
Се очекува во двете ноќи, до денес, на Самбадромот кој е дизајниран од познатиот бразилски архитект Оскар Нимајер, а е изграден пред 22 години, да има и до 180 илјади гледачи.
Секоја школа на самба ангажира околу пет илјади луѓе во своите 80 – минутни настапи полни со музика, танц и сјај. Некои од жените се облечени само во боја за тело.
Карневалските групи, иако доаѓаат од сиромашните квартови, потрошиле секоја посебно и до 4 милиони долари за организација на настапот. Парите ги собираат од фирми, министерства па дури и од странски влади.
Карневалот ќе заврши денес, а победниците ќе бидат прогласени во среда.
HiNa