Новата сезона ќе доведе многу промени и новитети на Олд Трафорд. Еден од новитетите во клубот ќе биде назначување на спортски директор, кој, до сега никогаш го немал Манчестер Јунајтед. Неговата задача е да биде алка помеѓу фудбалерите, менаџерот и челниците на клубот.

За сега, најсериозен кандидат за новата улога е Рио Фердинанд. Поранешниот англиски репрезентативец десет години го носеше дресот на „црвените ѓаволи“ и најдобро знае како дише клубот. Фердинанд после завршување на фудбалска кариера, продолжи да работи во фудбалот, но како стручен аналитичар и коментатор на една од англиските телевизии.

Фердинанд заедно со Немања Видиќ беше столб на славната златна генерација на Сер Алекс Фергусон, која во 2008 година ја покори Европа победувајќи во Лигата на Шампиони. Дефанзивецот се` уште е омилен лик кај навивачите и сигурно со Оле гунар Солскјер ќе ја добијат максималната поддршка од Олд Трафорд која е неопходна во англискиот фудбал.

За кандидат за спортски директор се споменуваше и Мајк Фелан кој моментално е во стручниот штаб на Солскјер, а беше десна рака на Фергусон.

OhridNews