На просторот на спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“ интензивно се работи на поставувањето на луна паркот. Се монтираат забавните реквизите и платформата за мини возилата. Ќе биде подготвен многу скоро. Иако многумина забележуваат што луна паркот се поставува на спортскиот центар, најмладите од срце му се радуваат. Главна тема на нивниот разговор со родителите деновиве е кога ќе ги однесат на луна парк. И така уште безброј пати летово.


Рингишпилот пристигна во Охрид

Ohridnews