Филмската класика од 1987 година „Dirty Dancing“ ќе добие свој римејк, пренеле светските агенции. Љубовната романса помеѓу учителот по танци Џони Кастл, кој го играл Патрик Свејзи, и тинејџерката Френсис „Бејби“ Хаусмен, чиј лик го тумачела Џенифер Греј, ќе биде модернизирана за новите генерации, најавиле продуцентите.
Кени Ортега, кој ја работел кореографијата за оригиналната верзија на „Dirty Dancing“ ќе го режира овој римејк. „Dirty Dancing“ добил оскар за најдобра музика и најдобра оригинална песна за нумерата „The Time of My Life“. Бил продаден во повеќе од 10 милиони копии за ДВД. Актерот Патрик Свејзи умрел од рак на панкреасот во 2009 година, а Џенифер Греј победила во 2010 година во шоуто „Танц до звездите“.