Државната изборна комисија – ДИК, ќе постапи според препораките од политичкиот договор, но што ќе биде и како ќе се одвиваат понатаму работите во врска
со работењето на ДИК знаат само политичките партии, вели се’ уште актуелниот претседател на комисјтата Никола Рилкоски.
-Имам сознанија дека во партиите се започнати одредени активности согласно постигнатиот договор, но сето тоа се одвива во тајност и немам информации што и како се презема. Во секој случај според договорот, ќе има реконструкција, најверојатно и нов состав на ДИК, па можно е дури и со поголем број на членови. Дали тоа ќе бидат неутрални експерти или партиски избрани личности, се се’ тоа прашања кои во моментов лебдат. Приоритет во однос на договореното од страна на политичките партии има ДИК. Засега во комисијата не сме расправале за колективна оставка, но сметам дека тоа е техничко прашање кое лесно ќе се реши во Собранието на Република Македонија, кое треба да ги донесе одлуките предвидени со политичкиот договор, вклучително и за ДИК.- ни изјави во телефонски разговор Рилкоски.
Според политичкиот договорот партиите потписнички, денеска, ќе ги започнат преговорите на ниво на работни групи со посредство на белгискиот експерт Питер Ван Ховит. Предвидено е тој да работи и со Државната изборна комисија околу прочистување на Избирачкиот список.
OhridNews