Граѓаните да не се плашат и да излезете на праведни и фер избори порачаа амбасадорот на САД во Македонија, Филип Рикер и Петер Соренсен, шеф на делегацијата на ЕУ на прес-конференцијата на граѓанската асоцијација МОСТ, јавува „Макфакс“.
„Граѓаните да не се плашат од никакви заплашувања, од никакни принуди. Да знаат дека нивниот глас е таен и ви посакувам да имате фер и демократски избори како што наликуваат на една демократска држава“, истакна амбасадорот Рикер. Тој ги охрабри граѓаните да гласаат бидејќи дека ова се важни избори за Македонија.
„Убедени сме дека вашата земја има капацитет да споведе праведни, слободни и демократски избори. Излазете на избори гласајте, не плашете се од никакви закани и заблашувања еден глас, еден човек, еден избор“, рече евроамбасадорот Соренсен.Тој се надева дека евроспаката агенда ќе остане приоритет и на новата влада.
МОСТ утрешните предвремени парламентарни избори ќе ги следи со 3.700 набљудувачи, број со кој ќе се покријат околу 70 отсто од гласачките места во Македонија.
Граѓанската асоцијација го набљудува и денешното гласање на болни и немоќни лица, внатрешно раселени и лица во затвор или притвор, како и гласањето на дијаспората во 19 дипломатско-конзуларни претставништва во странство.
Тие упатија уште еден апел за одржување фер, демократски и мирен изборен процес.
Граѓаните ќе можат да пријават нерегуларности на бесплатниот телефонска линија 080 080 080, а во текот на утрешниот ден ќе одржат четири прес-конференции на кои ќе ги соопштат сите информации поврзани со набљудувањето на изборите.
OhridNews
извор: „Макфакс“