Местото на политичките партии е во Парламентот, а не надвор од институциите, изјави денеска во Охрид, амбасадорот на САД, Филип Рикер.
Демократијата во Македонија има институции каде што треба и  може да се чуе гласот на сите граѓани преку избраните претставници. Пратениците се избрани од народот да бидат во Парламентот и да дејствуваат во институциите на системот за да има демократско владение. Тие што не одат во институциите не си ја исполнуваат својата должност кон гласачите и доколку не одат во институциите се поставува прашањето за нивната релевантност доколку се надвор од институциите, рече Рикер

Според Рикер рамка за остварување на интересите на сите граѓаните на Република Македонија треба да биде Охридскиот рамковен договор

Во пресрет на одбележување на осумгодишнината ги повикуваме сите Охридскиот рамковен договор да го користат како рамка и низ институциите да работат на разрешување на проблемите на нивните избирачи. САД се гаранти на Рамковниот договор и ќе продолжат да работат со македонските партнери на негова потполна имплементација, додаде Рикер.

Запрашан за односот на соседите кон евроатлантските аспирации на Македонија, амбасадорот Рикер истакна дека не треба да се создадаваат тензии каде не треба да постојат.

САД ја поддржуваат Р.Македонија на патот кон целта, а тое се евроатлантските интеграции. Македонија има капацитет  да воспостави добри односи со сите соседи и на дипломатски начин да ги разреши проблемите преку комуникација. Треба да се работи заедно на разрешување на проблемите, истакна Рикер.


Амбасадорот Рикер во рамки на посетата на Охрид денеска се сретна и разговараше со градоначалникот на Охрид, Александар Петрески. Како што соопшти локалната самоуправа, во едночасовниот биле разменети мислења за повеќе прашања од функционирањето на локалната власт, животот и развојот на општината и , посебно, проблемите со кои се соочува охридската локална самоуправа заради запрената децентрализација во државата.

Ohridnews