Амбасадорот на САД во Македонија, Филип Рикер, денеска во ресторанот „Момир“ ќе има средба со кандидатите за градоначалник на Охрид, Алекандар Петрески и Кирил Трендафилов – Нанче и на Струга, Рамиз Мерко и Фијат Цаноски, на која ќе присуствуваат и претседателите на општинските изборни комисии.
Средбата на Рикер со кандидатите за градоначалници на Охрид и Струга, доаѓа по бурната прва недела во продолжението на изборната кампања во двете општини.
Се очекува, Рикер на средбата уште еднаш да ја пренесе пораката на американскиот претседател Барак Обама, кој неодамна укажа на важноста овие избори во Макдонија да бидат фер и демократски, со што земјата ќе го трасира својот пат кон НАТО и ЕУ.