Белгискиот пливач Брајан Рикеман во драматичен финиш со време (5.41.47.78) триумфираше на 28-то издание на Охридскиот пливачки маратон.
Еден замав зад победникот заостана македонскиот маратонец Евгениј Поп Ацев кој финишираше втор со време (5. 41. 48. 22).
Третото место во највозбудливата трка во историјата на Охридскиот маратон му припадна на Французинот, Јоанес Хедел (5. 41.50.32).
И во женска конкуренција одлучуваа неколку мигови а прва целта ја мина Силвана Рибарова од Чешка (6. 09. 34. 32) пред Аргентинката, Геило (6. 09. 34. 63).
До крајот на гранд при шампионатот останува уште една трка Капри во Наполи, а шанса за освојување покрај Стефаноски сега има и Поп Ацев
Мх.П.